Норвешката полиција соопшти денеска дека сопругата на милионерот Том Хаген е киднапирана и дека нејзините грабнувачи побарале откуп во висина од девет милиони евра.

Главниот инспектор Томи Броеске рече дека Ане-Елизабет Фалкевик Хаген исчезнала на 31 октомври минатата година, пренесува АП, но веста за нејзиното исчезнување не беше претходно обелоденета.

Според норвешките медиуми, богатството на Том Хаген, кој се занимава со недвижности, се проценува на 175 милиони евра.

Киднапирањата се реткост во Норвешка, земја која може да се пофали со ниска стапка на криминал.