Индија и Пакситан се во отворен конфликт за територијата Кашмир повеќе од 70 години, а нестабилниот регион изминатите неколку дена повторно се најде во центарот на вниманието на свеската јавност.

Вчера, властите во Пакистан објавија дека собориле два индиски авиони на делот на Кашмир кој е под пакистанска контрола, само еден ден откако Индија тврдеше дека нејзината воздушна флота извршила воени напади врз камп на милитанти на територијата на соседната земја, потврдија светските медиуми.

На средината на февруари, Индија го обвини Пакистан за директно учество во организација на самоубиствените напади во кои загинаа 40 индиски војници во делот од Кашмир кој е под индиска власт. Ова беше најсмртоносниот напад врз безбедносните сили на земјата уште од почетокот на конфликтот за територијата во доцните осумдесети години од минатиот век. Пакистан жестоко ги отфрли наводите дека биле вклучени во инцидентот, а официјален Њуделхи кажа нападите биле спроведени од страна на пакистанската терористичка група Џаиш-е-Мохамед.

Зголемените тензии меѓу двете земји кои располагаат со нуклеарно оружје, според Си-ен-ен, е причина за загриженост за глобалната стабилност. За да се сфати зошто регионот Кашмир е важен за двете земји, треба да се погледне назад во историјата.

Си-ен-ен пишува дека Кашмир иницијално остана независен и беше слободен да се припои кон било која опд двете земји. Кога хиндуистичкиот крал на Кашмир ја избра Индија во замена за воена заштита, Џаму и Кашмир станаа единствени територии со предоминантно муслиманско население во земјата.

Џаму и Кашмир покриваат околку 45 отсто од целокупната територија на Кашмир, во јужниот и источниот дел од регионот, додека Пакистан ги контролира Азад Кашмир, Гилгит и Балтистан, кои се простираат на 35 отсто од вкупната територија на северот и западот. И двете земји тврдат дека целата територија на Кашмир им припаѓа ним, а во целата приказна е вклучена и Кина, која контролира 20 отсто во делот познат како Аксаи Чин.

Ова прашање е едно од најстарите на агендата на Обедниетите нации, каде Индија и Пакистан се обидуваат да го решат спорот, многу скоро по нивната независност од колонијалните сили.

– Индиските власти сакка да покажат дека можат да ги гарантираат правата на муслиманите во секуларната држава, но Кашмир е исто така клучен и за пакистанскиот идентитет како татковина на муслиманското население по поделбата во 1947 година. Прашањето за оваа територија е симобично и за двете земји – изјави за Си-ен-ен Симона Виторини, политички експерт за Јужна Азија. Таа додаде дека ситуацијата дополнително се копликува поради тоа што движењето за независност на Кашмир има земено сила изминатиот период и тоа работи против интересите на двете земји.

Засега, останува отворено прашањето за тоа како светските сили ќе реагираат околку ситуацијата во Кашмир, но познато е дека и Индија и Пакистан располагаат со нуклеарно оружје, па така што побрзо деескалирање на тензиите е многу важно за регионалната, но и светската безбедност.