Катар соопшти дека ќе забрани увоз на производи од Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Бахреин и Египет, речиси една година откако овие земји воведоа ембарго кон Катар.

Властите соопштија дека сите производи од овие држави ќе бидат блокирани и оти увозниците ќе бидат санкционирани доколку ја прекршат новата одредба. Во исто време издадена е наредба да се најдат нови испорачувачи за многу увозни производи.

– Катар ја спроведува својата трговска политика во согласност со мултилатералните и билатералните договори што ги има потпишано, соопшти Владата.

Во јуни минатата година четири држави на чело со Саудиска Арабија воведоа санкции кон Катар обвинувајќи го дека поддржува тероризам и работи против интересите на арапските држави.