Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер, предупреди дека ризикот од тероризам во Франција останува „висок“ до „многу висок“, денови по смртоносниот напад во Париз што резултираше со смрт на четворица полицајци, пренесува „Спутник“.

Кастанер исто така призна дека убиството на офицерите можело да се спречи, но таа можност била пропуштена. Обраќајќи ѝ се на опозицијата која го повикува да си даде оставка, тој истакна дека нема да се повлече од функцијата.

Кастанер истакна дека од 2003 година полицијата спречила 59 терористички напади, вклучувајќи три обиди од почетокот на годинава.

Минатиот четврток, софтверскиот инженер Мишел Харпон со нож уби четворица полицајци на работното место во центарот на француската престолнина. Националниот француски обвинител за борба против тероризмот, Жан Франсоа Рикар, подоцна рече дека Харпон бил радикализиран исламист.

Инцидентот ги натера француските обвинители да отворат терористичка истрага за смртоносниот напад. Покрај тоа, премиерот Едуард Филип вчера изјави дека француските специјални служби ќе подлежат на темелни проценки.