Претседателот на Филипини Родриго Дутерте, денеска се закани дека ќе испорача голема количина отпад назад во Канада, како и дека еден дел од ѓубрето дека ќе го остави пред канадската амбасада во Манила, доколку таа земја не го преземе назад отпадот за кои филипинските официјални лица тврдат дека пред неколку години незаконски бил транспортиран во нивната држава.

– Сакам бродот да биде подготвен. Ги предупредам Канаѓаните, можеби подобро е да го повлечат назад тоа што е нивно или ќе отпловам за Канада и таму ќе го истресам нивното ѓубре – рече Дутерте, а пренесе АП.

Меѓу 2013 и 2014 година од Канада за Филипини превезени биле повеќе од стотина контејнери отпад од домаќинства.

Официјални лица велат дека приватна компанија неправилно го пријавила отпадот како пластични остатоци кои можат да се рециклираат.