По рекордните температури, канадскиот град Литон е речиси целосно уништен од пожар.

Градоначалникот на Литон претходно нареди евакуација на луѓето, велејќи дека пламенот се проширил на едно место за само 15 минути.

Во огнената стихија изгореа 90 проценти од градот, каде што беа регистрирани 49,6 степени – највисоката температура измерена некогаш во Канада. Пожарот целосно го уништил центарот на градот, место во Британска Колумбија, и предизвикал огромни оштетувања на околната критична инфраструктура.

Експертите велат дека климатските промени се очекува да ја зголемат зачестеноста на екстремни временски настани, како што се топлотните бранови.