Канада не ја смени позицијата и останува на ставот против враќање на Русија во Г-7, изјави денеска портпаролот на канадскиот премиер Џастин Трудо.

Претходно денеска, американскиот претседател Доналд Трамп повика на враќање на Русија во Г-7, која беше исклучена од Групата најразвиени земји во 2014 година поради анексијата на Крим и конфликтот во Источна Украина.

Новиот италијански премиер Џузепе Конте го поддржа предлогот на Трамп.

„Тоа е во интерес на сите“, напиша Конте на Твитер.