Фото: илустрација

Девет војници загинаа денес во тренинг-камп на либиската армија на Калифа Хафтар. Одговорноста за нападот ја презема Исламската држава (ИД), јавува „Ројтерс“.

Нападот се случил во градот Себха, кој се наоѓа во јужниот дел на земјата кој е богат со нафта, а сега е цел на вооружените групи кои се обидуваат да ја искористат нарушената безбедност во земјата.

ИД ја презема одговорноста за нападот, а нивните борци успеале да убијат или повредат 16 лица, а ослободиле и заробеници, пишува во соопштението на џихадистите објавено на Интернет.

Армиски избори потврдија дека нападот врз кампот Џабрил Баба се случил, но за медиумите не дадоа дополнителни информации. Болницата во градот Себха излезе со бројка од девет загинати.

Одметнатиот генерал Хафтар ги постави своите сили во северозападот на земјата, каде тие се обидуваат да го пробијат одбранбениот фронт во борбата за главниот град Триполи, против борците на меѓународно признаената влада на Либија.

Според „Ројтерс“, најжестоките судири се случуваа во јужните предградија на главниот град изминатите неколку ноќи и познато е дека двете војски меѓусебно артилериски стрелби.

Според информациите од светските медиуми, вестите од Либија се сведуваат на шпекулации бидејќи пристапот до информации во јужна Либија е многу тежок поради тоа што не постојат државни безбедносни служби. Овој регион е контролиран од различни вооружени групи и племенски заедници.