Камион прегази двајца учесници на вчерашната Парада на гордоста во Мајами, при што едниот почина а другиот е тешко повреден, соопшти локалната полиција.

– Двајцата беа пренесени во медицинскиот центар Бродвеј, каде едниот им подлегна на повредите – изјави детективот на Форт Лодердејл, Али Адамсон, на прес-конференција, изразувајќи доверба, заснована на медицински извештаи, дека другата жртва ќе преживее, објави Си-Ен-Ен.

Адамсон исто така потврди дека ФБИ помага во истрагата, но одби да каже дали истражителите сметаат дека инцидентот бил намерно испровоциран.

– Засега ги проценуваме сите опции – рече детективот Адамсон, додавајќи дека сите можности се отворени.