Компанијата „Пацифик гас и електрисити“ соопшти дека оваа недела речиси два милиони луѓе во близу 30 окрузи во Калифорнија може да останат без струја поради силен и сув ветер, кој се заканува да предизвика пожари.

Од компанијата предупредуваат дека утре ќе ја исклучат струјата поради претпазливост и ги повика граѓаните и фирмите да се подготват да бидат без струја дури седум дена.

– Оваа временска непогода има потенцијал да биде најголемата временска непогода предизвикана од силни ветрови годинава. Иако подготовките за ваква непогода можат да траат со години, треба да почнеме да се подготвуваме веднаш – изјави градоначалникот на Сан Хозе, Сем Ликардо.

Тој потенцираше дека треба да имаат резервен план со генератори за струја, како и ги предупреди жителите да направат свој самостоен план за подготовка која би вклучувала резерви од храна и вода за членовите на семејствата, како и нивните миленици.

Кон крајот на минатиот месец, „Пацифик гас и електрисити“ ја исклучи струјата на 48.000 клиенти во северна Калифорнија, како претпазливост од сувите ветрови. Тоа беше второ исклучување на корисниците во Калифорнија, во кое во мрак останаа 24.000 клиенти.