Саудиска Арабија ја поткопува истрагата за убиството на новинарот Џамал Кашоги, изјави денеска специјалната известувачка за човекови права на ОН, Агнес Каламард по завршувањето на нејзината посета на Турција.

Кашоги, кој беше новинар на весникот „Вашингтон пост“, познат по своите критички текстови за властите во Рисјад, беше убиен на 2 октомври во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Каламард оцени дека напорите на Турција за спроведување брза, темелна и независна истрага за убиството биле „сериозно ограничени и поткопани од страна на Саудиска Арабија“.

– На 

Тим на ОН, предводен од Каламард кон крајот на минатиот месец отпатува за Турција со цел да спроведе истрага за убиството на Кашоги.

Тимот на Каламард има задача да ги процени чекорите преземени од страна на турските и саудиските власти за решавање на случајот, како и да ги утврди „природата и степенот на одговорноста на држави и поединци за убиството“.

Каламард, при престојот во Истанбул најави дека нејзиниот извештај за резултатите од истрагата ќе го објави во јуни пред Советот за човекови права на ОН.

За време на еднонеделна посета на Турција, Каламард имаше средби и со турските министри за надворешни работи и за правда, Мевљут Чавушоглу и Абдулхамит Ѓул, како и со истанбулскиот главен обвинител Ирфан Фидан.

Прво Турција, а потоа и неколку други земји одговорноста за убиството на Кашоги ја припишаа на саудиските власти и пред се на престолонаследникот, принцот Мохамед бин Салман.

Обвинителството во Ријад за убиството на Кашоги осомничи 11 лица, од кои за петмина побара смртна казна, но критичарите на саудиските власти сметаат дека овие обвинувања се само обид за дистанцирање на принцот Мохамед од случајот.