Германскиот неделник „Шпигел“ во февруари 2017 година објави насловна страница која привлече големо внимание на социјалните мрежи, а вчера објави уште една насловна страница поврзана со претходната.

Првиот случај беше откако Трамп потпиша една од своите извршни одлуки со кои ги затвори вратите на бегалците од седум земји со мнозинско муслиманско население, тврдејќи дека со тоа ги брани верските слободи.

На насловната страница осамна цртеж од Доналд Трамп кој во едната рака ја држи отсечената глава на статуата на слободата, а во другата крвав нож.

Покрај слката пишуваше „Америка најпрво“.

Станува збор за насловна страница од 4 февруари 2017 година која привлече големо внимание, а на денот кога Бајден беше прогласен за нов претседател на САД, „Шпигел“ се реши да се наврати на тоа издание.

Така неделникот вчера објави насловна страница на која Бајден се качува на стол и ја враќа главата на статуата на слободата.

Тој носи маска и сино одело, а на насловната страница пишува: „Да ја направиме Америка повторно голема“, што пак беше слоганот на Трамп за изборите во 2016.

Германската канцеларка Ангела Меркел, за која е познато дека имаше деликатен политички однос со Трамп, меѓу првите му го честиташе изборот на демократскиот кандидат.