Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека ќе возврати на иранските напади, дури и пред Иран да истрела ракети на ирачките бази во кои се сместени американските војници. Токму затоа актуелно е прашањето како Трамп ќе возврати на иранската одмазда за убиството на генералот Касим Сулејмани, настрана од неговите објави на Твитер.

Американскиот претседател би можел да ги повлече трупите од регионот, што би му овозможило на Иран да го прошири влијанието во регионот. Тоа би претставувало закана и за стабилноста на Ирак.

Друга можност претставува воведувањето на санкции за увоз на оружје и за воведување на безмалку тотално економско ембарго на Иран, што би вклучувало санкции и врз компаниите што работата во азиската држава. Веќе важат санкциите иранските финансиски институции и забрана за соработка со иранската авиоиндустрија. Познавачите на состојбите не веруваат дека санкциите би имале значаен ефект.

Една од порадикалните опции претставува удар врз други воени функционери од Иран или пак врз иранските бази во Ирак и во Сирија. Треба да се земе предвид дека претходните претседатели Барак Обама и Џорџ В. Буш проценија оти атентатот врз Касим Сулејмани би претставувал голем ризик, со што одлуката на Трамп за ликвидација на иранскиот генерал беше изненадувачка.

Минатата недела Трамп кажа дека има листа од 52 цели во Иран, од кои дел се важни за иранската култура. Нејасни се и ставовите на Трамп за цивилните цели, и покрај тоа што Белата куќа ја негираше таквата можност во случај на конфликт.