Политички неискусниот комичар Владимир Зеленски е на пол-позицијата по првата рунда на претседателските избори во Украина, и тоа води со голема разлика. Тој е скоро 15 процентни поени пред актуелнитор претседател Петро Порошенко. Неконвенционалната кампања на Зеленски, потпирајќи се само на Инстаграм-објави и неговото телевизиско шоу каде игра фиктивен украински претседател, се докажа многу поуспешна од кампањата на Порошенко кој се обиде да ги услови граѓаните со изборот „јас или Путин“, пишува британски „Гардијан“.

Главните пораки на Порошенко за „армијата, јазикот и вербата“, како и неодамнешните националистички иницијативи, во било која друга европска земја би го карактеризирале како екстремен десничар. Јулија Тимошенко, ветеранката во украинската политика која водеше во анкетите до јануари, не успеа на граѓаните на Украина да им понуди јасна алтернатива на агресивниот национализам на Порошенко и заврши на третата позиција по првата рунда гласање. Кандидатите кои се надеваат на гласачите кои зборуваат руски во Украина не успеаја да се обединат. Најпопуларниот од нив, Јуриј Боико, остана четврти.

Сепак, поддршката за сите овие „стари“ политичари беше неуспешна во споредба со излезноста и гласовите на Зеленски, новото лице на политичката сцена во земјата. Голем дел од неговите поддржувачи гласаа за првпат, а според анкетите, 40 отсто од гласачите под 30 години го поддржале комичарот. Во периодот до првиот круг, многу експерти во Украина сметаа дека голем дел од лицата кои застанаа зад Зеленски на анкетите го направија тоа само од „шала“ и дека всушност тие никогаш сериозно не би го земале во предвид како претседател. Но, овие скептици целосно ја потценија огромната недоверба која Украинците ја имаа во нивната влада. Многу гласачи уморни од „политичката елита“, неискуството на Зеленски го видоа како негова предност, а не како недостаток.

Нетипично за вообичаено регионално поларизираните украински избори, коалицијата на Зеленски ги приближи разликите кај гласачите. Тој ужива најрамноправна поддршка од сите јазични групи на луѓе. Во првиот круг тој водеше секаде освен во трите галициски региони на западот и два региони во Донбас на истокот кои ги претставуваат двата про-западни и про-руски екстреми на украинската политика.

– Подемот на Зеленски треба да се гледа во контекст на глобалниот раст на движењата кои се анти-естаблишментот. Сепак, тој е различен од западните десничарски популисти во смисла на тоа дека не се обидува да освои политички поени на националните прашања или да поттикне омраза против внатрешните или надворешните непријатели во и на Украина. Од друга страна, Зеленски не наликува ниту на левичарските популисти. Неговите збунувачки погледи излгедаат многу либералистички поради тоа што тој ги поддржа неолибералните технократи во украинската влада. Најважно, Зеленски не води никаква никаква организација и неговите одлуки не се ограничени од очекувањата на идеолошки посветените активисти – констатира колуминстот Владимир Ишченко.

Во источноевропски контекст, Зеленски е многу различен од унгарскиот премиер Виктор Орбан или од лидерот на партијата „Право и правда“ во Полска, Јарослав Качински (кој има повеќе слични ставови со Порошенко). Гласот за Зеленски, всушност е глас сличен на оној како за либералната активистка Зузана Чапутова, која неодамна беше избрана за претседателка на Словачка.

Досега, Зеленски беше доволно мудар да не ја растура диверзитетната коалицијата која го поддржува со изјавите. Втората рунда која е закажана за 21 април, дефакто ќе биде референдум за Порошенко и за сè што тој симболизира: корумпирана олигархија, недостаток на економски просперитет за поголемиот дел Украинци, агресивен национализам и авторитативни напади врз слободата на говорот и оние кои не се согласуваат со него.

Голем број на либерални граѓански активисти и државната еминенција ги опиша гласачите на Зеленски како „глупави“ и „непатриоти“. Сепак, анкетите покажуваат убедлива победа за Зеленски, со двојно поголема поддршка од онаа за Порошенко. По сè изгледа дека Порошенко може да победи само ако се користи со екстремни мерки, како што се ескалација на тензиите во Донбас и околку Крим, или можеби ако сугерира некој договор со Ихор Коломоиски, олигархот кој го поддржува Зеленски.

Изгледа дека најдобриот исход за Порошенко би бил да загуби со голем процент на гласови, и да понуди момент за укрупнување за националистичката опозиција на Зеленски.

– За Зеленски, да се биде претседател (а не само да се толкува таков лик на телевизија) ќе значи носење одлуки со кои ќе мора да се отуѓи од една или други група на гласачи, најверојатно од југоисточниот регион кој претставува само мал дел од неговиот електорат. Зеленски не би ја имал поддршката на мнозинството во парламентот за време на првите шест месеци од неговото преземање на претседателската функција. Најдобрата надеж за него за време на неговиот мандат е транзиција до целосно парламентарна република со многу слаб претседател – пишува колумнистот на „Гардијан“.

Ситуацијата во Украина бара многу повеќе од избор на нов политичар со „свеж“ лик и без точна визија за иднината. Фундаменталната промена доаѓа со конструирање на движења мотивирани од идеи и партии, кои потоа ќе се применат во пракса. Големиот успех на Зеленски делумно е резултат од големата излезност на гласачите од руското говорно подрачје во југоисточните регони. Експертите се надеваат дека оваа мобилизација за промена во Украина нема да заврши со изгласувањето на новиот претседател на изборите, завршуваат од реномираниот британски медиум.