„Како да се биде диктатор: Култот на личноста во дваесеттиот век“ е последниот научен труд на холандскиот историчар Франк Дикотер, во кој ги истражува култот кон личноста и пропагандите на диктаторите од 20 век – Адолф Хитлер, Јосиф Сталин, Мао Це Тунг, Ким Ил-сунг и др. Според авторот, овие личности се основачи на модерните диктатури, кои од историјата и едни од други, научија да ги градат своите режими и да го негуваат култот кон сопствената личност.  Една од главните тези на Дикотер е дека овие диктатури имаат големо влијаат врз автократските лидери од 21 век.

Франк Дикотер

Авторот истакнува дека диктаторите на власт се одржуваат со помош на армијата, тајната полиција, шпионите, информаторите и сл. Тие можат да владеат со децении, но угнетувањето  честопати не е доволно. Потребна е уште една состојка за долговечноста на диктатурата.-Диктаторот мора да внесе страв кај сопствениот народ, но ако може да го принуди да го одобрува (фали), тој веројатно ќе преживее подолго.-пишува Дикотер. Парадоксот на модерниот диктатор е дека тој мора да -создаде илузија на народна поддршка.-

Дикотер исто така забележува дека диктаторите користат многу стратегии за освојување и задржување на власта, како што се „чистките“, манипулациите со информациите, предизвикување на раздор меѓу потенцијалните ривали, -но, култот на личноста беше најефикасен.-

Франк Дикотер е холандски историчар и специјалист за современа Кина. Дикотер е раководител на катедрата за хуманистички науки при Универзитетот во Хонгконг. Претходно беше професор по современа историја на Кина при Школата за ориентални и африкански студии на Универзитетот во Лондон.