Францускиот суд на крајно левичарскиот лидер, Жан-Лук Меленхон му додели тримесечна условна затворска казна и парична казна од осум илјади евра, поради заплашување на службено лице кое го истражувало неговото финансирање.

Во октомври 2018 година обвинителството изврши претрес на неговата канцеларија за странки и домот. Меленхон е снимен како извикува „Јас сум Република!“ на полицајците и како ги турка. Потоа со колегите се обидел да упадне во седиштето на партјата.

Тој ги поддржа протестите на жолтите елеци. Се кандидирапе против Емануел Макрон на претседателските избори во 2017 година и освои 19,5 отсто од гласовите во првиот круг.

Обвинителството во Париз ги испитуваше наводните нерегуларности во изборното финансирање на Меленхон и се сомнева дека неговата партија злоупотребила средства од ЕУ при ангажирање парламентарни асистенти. Случајот потоа беше предаден на истражните судии.

Меленхон го нарече обвинителството „политички мотивирано“. Тој го обвини претседателот Макрон дека ги брани интересите на моќната деловна елита, наместо да се справи со широко распространетата сиромаштија и тој води кампања против глобализацијата.