Иако дроновите одамна се користат во сите форми и големини, особено во војската, за обичниот човек неодамна тие станаа дел од неговото секојдневие. Како што нивната употреба продолжува да се шири, земјите се обидуваат да ги ажурираат своите закони, развивајќи приспособени регулативи за да се решат сегашните, но и идните прашања, особено во врска со можното влијание на оваа технологија врз приватноста.
Како што покажува инфографикот, врз основа на информациите добиени од „Сурфшарк“, компанијата за приватност и безбедност на интернет, строгоста на постојните ограничувања за употребата на беспилотните летала се разликува од земја до земја. Латинска Америка е јасен пример за ова, бидејќи законите во врска со употребата на дронови во регионот може да варира од целосна забрана, како што е во случајот на Никарагва и Куба, до никакви ограничувања во Панама, Венецуела и Аргентина. Од друга страна, во Мексико и во Бразил е дозволено да се управува со нив без дозвола сè додека се во видното поле.
Како што беше наведено од изворот: „Додека повеќето од државите во светот бараат од лицата што управуваат со дроновите да можат секогаш да ги имаат во видно поле, сепак 33 отсто од земјите во Северна Америка дозволуваат експериментални летови на дронови надвор од видното поле“.