Во своето обраќање на 12 јули, францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека ќе се воведе задолжителна вакцинација за здравствените работници во болниците и во голем број други институции. Новите мерки се покажаа како контроверзни и се очекува да влијаат врз 700.000 лица. Чекорот беше преземен како дел од новата фаза во францускиот план за справување со пандемијата, додека се шири високозаразната делта-варијанта.
Затоа, Франција се приклучи на листата од околу 15 држави што одлучија да воведат еден вид задолжителна вакцинација на одредено ниво. Како што покажува инфографикот, досега задолжителна вакцинација на населението има во Таџикистан, Туркменистан и во Ватикан. Во други земји како Велика Британија, Италија и Грција, задолжителната вакцинација важи за здравствените работници или за одредени професии што наложуваат високо ниво на човечки контакт. Во Русија, вакцинацијата е задолжителна за услужниот сектор во одредени области како Москва и Санкт Петербург, додека во САД, Сан Франциско неодамна соопшти дека ќе наложи сите 35.000 вработени во градската служба да бидат вакцинирани.