Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека има „многу добар” однос со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и навести можност за нивен трет состанок.

Претходно Ким изјави дека е подготвен да се состане со Трамп и по третпат ако САД понудат прифатливи услови за договор до крајот на годината.

-Се согласувам со Ким Џонг-ун дека нашиот личен однос останува многу добар – напиша Трамп на Твитер.

Според него, третиот самит ќе биде добар „за да можеме да целосно да разбереме каде сме”.

Трамп рече дека едвај чека ден за кој, како што рече, тој се надева дека ќе дојде наскоро, кога ќе биде укинато нуклеарното оружје и санкциите.

– А тогаш ќе гледаме како Северна Кореја станува една од најуспешните земји во светот – вели Трамп.

Ким претходно изјави дека трпеливо ја чека „храбрата одлука на САД до крајот на годината”, но, е јасно оти ќе биде тешко да се добие добра шанса како последен пат “.