Парагвај денеска ја премести својата Амбасада во Израел од Тел Авив во Еруслам, со што стана трета земја што го презема овој чекор по САД и Гватемала.

На церемонијата на отворањето на Парагвајската амбасада во Ерусалим, меѓу останатите, присуствуваа и претседателот на Парагвај, Орасио Картес и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. 

САД минатиот понеделник ја преселија својата Амбасада во Ерусалим, а по нив тоа во средата го стори и Гватемала.

Преместувањето на Американската амбасада предизвика масовни протести на Палестинците на гранницата меѓу Појасот Газа и Израел. Во судирите меѓу демонстрантите и израелските сили за време на протестите загинаа речиси 60 лица, а околу 2.700 беа повредени.