Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска поднесе оставка заради плановите на премиерката Тереза Меј за напуштање на Европската унија(ЕУ), што е втора таква оставка во еден ден што ги разниша плановите на британската премиерка за заминувањето на Британија од ЕУ.

Британскиот министер за Брегзит Дејвид Дејвис денеска исто така поднесе оставка бидејќи, како што наведе, не сака да биде „нем учесник“ во плановите на премиерката Тереза Меј за напуштање на ЕУ, со што и зададе силен удар на премиерката која се обидува да ги прекине недоразбирањата меѓу своите министри.

– Денеска попладне премиерката ја прифати оставката на Борис Џонсон на позцијата министер за надворешни работи – објави портпаролот на Меј и додаде дека наскоро ќе биде познато името на наследникот на Џонсон.