Пожарникари спасија околу 200 луѓе кои вчера беа блокирани на автопат во Италија заради лошото време.

Силни снежни врнежи го парализира вчера движењето на автопатот А22 што го поврзува североисточните делови на Италија со Австрија.

Автопатот беше блокиран од претпладнето и се формира колона долга 16 километри. Италијанската полиција ги смета за виновни возачите на камиони и автомобили, кои немале зимска опрема во возилата, а на патот ги затекнала снежна бура.

Според пожарникарско-спасувачката служба, со нивни возила биле спасени над 200 луѓе кои биле блокирани во своите превозни средства во ледени временски услови. Истиот автопат беше во еден дел затрупан од лавина, но во тој момент немало возила, соопштија властите.