Италијанскиот парламент денеска ја усвои одлуката за намалување на бројот на пратеници за повеќе од една третина, на што инсистира Движењето Пет ѕвезди.

За реформата, со која бројот на пратеници се намалува од 945 на 600, гласале 553 пратеници, а против биле 14.

Реформата ја вети Движењето Пет ѕвезди, кое на почетокот на септември формира владејачка коалиција со Демократската партија кога десничарот Матео Салвини ја повлече својата антимигрантска партија Лига од владата во неуспешниот обид да издејствува предвремени избори со надеж дека ќе стане премиер.

Движењето Пет ѕвезди, кое од основањето ветува укинување на непотребните јавни трошоци, наведува дека намалувањето на бројот на пратеници ќе заштеди 300.000 евра.

Италијанскиот парламент, кој досега имаше 630 пратеници во долниот дом и 315 сенатори, беше втор по бројот на членови во Европа, зад британскиот, кој има 1.425 пратеници.