Финансиската полиција во Неапол заплени голема количина наркотични средства, 14 тони амфетамини, 84 милиони таблети – „каптагон“, произведени од Исламската држава во Сирија за финансирање тероризам.

Вредноста на запленетата стока, откриена од полицијата во три контејнери, се проценува на над една милијарда евра.

Наркотичните средства биле скриени во индустриски цилиндри за хартија направени на таков начин што ќе спречат скенерите да ја откријат содржина.