Италијанските сенатори изгласаа укинување на имунитетот на ултра десничарскиот лидер и поранешен министер за внатрешни работи Матео Салвини, со што се отвора можност за негово судење, кое би значело крај на неговата кариера поради обвинувањата дека минатата година задржал мигранти на спасувачки брод во близина на брегот на Сицилија.

Мнозинството сенатори се изјасниле за укинување на правната заштита на Салвини.Одлуката на Сенатот ќе им овозможи на судиите на Сицилија да покренат обвинение против Салвини, бидејќи минатиот јули одби да им дозволи на група мигранти да излезат од брод на италијанско тло, додека чекал согласност од други европски држави да ги прифатат.Доколку биде осуден, Салвини, кој во тој период ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи, може да се соочи со затворска казна од 15 години.

Салвини побара да му биде укинат имунитетот и да му се суди за, како што наведува, дека е „одбрана на Италија од илегалните мигранти кои се виновни за криминалот и за одземањето на работните места од Италијанците”.