Градоначалникот на Сеул, Парк Фон Сон, исчезна, а полицијата започна голема операција на потрага. Медиумите пишуваат дека политичарот оставил проштално писмо.

„Раша тудеј“ наведува дека Парк не се појавил на работа, а полицијата го пребарува подрачјето каде што е откриен сигналот на неговиот мобилен телефон.

Неговата ќерка ја известила полицијата дека тој исчезнал.

АП известува дека Парк ги откажал сите денешни состаноци, вклучително и оној со соработникот на претседателот на Јужна Кореја.

Парк е познат како адвокат и активист за човекови права и ова е неговиот трет мандат откако беше избран за градоначалник во 2011 година.