Нора Куирин (15) од Велика Британија исчезнала од спалната соба во луксузно одморалиште во Малезија минатиот викенд, каде што летувала со родителите. Малезиската полиција соопшти дека исчезнувањето се третира како киднапирање и случај на исчезнато лице.

Полицијата почнала опсежна потрага со кучиња трагачи во обид да ја пронајде британска ученичка, која била на двонеделен одмор од соништата во одморалиште во Серембан, недалеку од Куала Лумпур.

Нора, која страда од тешкотии во учењето, е пријавена како исчезната уште од неделата наутро кога родителите ја нашле нејзината хотелска соба празна, а прозорецот отворен.

Засега е непознато дали таа доброволно ја напуштила својата соба или била киднапирана.

„Дејли мејл“ пренесува дека Нора е дете со посебни потреби и живее со нејзините родители во Лондон.

Нејзината мајка е од Белфаст, а нејзиниот татко е од Франција. Семејството е со полицијата во Малезија и се обидува на секој начин да ја најде ќерката.

Како што вели семејството, досега не се случило Нора едноставно да талка сама, па затоа се плашат дека има нешто многу полошо зад нејзиното исчезнување.