Либералите освоија најголем број пратенички места од сите партии на изборите. Четириесет и деветгодишниот Трудо го употреби шармот на неговиот татко, либералната икона и починат премиер Пјер Трудо, кој првпат ги освои парламентарните избори во Канада во 2015 година и оттогаш ја доведе неговата партија до уште две победи.
Либералите на Трудо освоија 158 пратенички места, бројка што не е доволна за потребното мнозинство од 170 пратеници во Долниот дом за формирање самостојно влада. Конзервативците освоија 119 места, исто како на претходните избори во 2019 година.
Левичарите на Нова демократија, пак, освоија 25 места во парламентот, едно повеќе од минатите избори, додека Квебечкиот блок доби 34 места, две повеќе од претходно. Зелените во Канада ги задржаа досегашните две места во парламентот.