Најмалку 28 лица загинаа, а над 50 се повредени во експлозија на локален пазар во шиитската област Садр Сити додека семејствата се подготвувале за еден од најголемите муслимански празници Курбан-бајрам.

Меѓу жртвите има жени и деца.

„На пазарот Ал-Воејлат е извршен напад со рачно изработена бомба, при што има загинати“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Одговорноста, како што пренесува „Би-би-си“ ја презеде Исламската држава (ИД) соопштувајќи дека еден од нејзините членови активирал елек со експлозив.