Пет луѓе, од кои три војници се убиени во експлозија на бомба чија цел била елтина воена единица на Филипините. Одговорност за самоубиствениот нападот презема Исламска држава (ИД), јавува „Гардијан“.

Војската на островската земја рече дека групата Абу Сајаф која е тесно поврзана со ИД е одговорна за нападот на островот Јоло, во кој покрај загинатите има и девет повредени војници.

Властите во земјата ја обновија кампањата против милитантите на островот Јоло, откако оваа година бомбаш-самоубиец со камион се удри во римокатоличка катедрала, напад во кој загина 21 лице.

На Филипините има повеќе различни вооружени групи, со што повеќето од нив се поврзани со долгогодишниот бунт за создавање на татковина на екстремистите.

Абу Сајаф беа активни во земјата многу години пред да бидат поврзувани со ИД, и поддржуваа насилни активности како киднапирање. Групата во минатото често пати бараше откуп за заложници и заробени луѓе, но исто така покажа дека е подготвена да ги егзекутира затворениците.