Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад на свадбената веселба во Кабул, во кој беа убиени најмалку 63 лица, а над 180 беа повредени.

Според информациите, одговорноста ја презеде огранок на ИД во Авганистан.

Талибанците претходно негираа вмешаност во нападот.

Нападот се случи во време кога талибанците и САД преговараат за договор со кој се предвидува повлекување на американските сили од Авганистан во замена талибанците да се посветат на мировните преговори со владата во Кабул.