Џихадистите од „Исламската држава“ се добро платени за своите услуги покажуваат документите во сопственост на група кои ги добила агенцијата „РТ” во Ирак. Милитантите за употреба на хемиско оружје добиваат сребро, а за соборување на хеликоптер злато.

И покрај верувањето дека „Исламската држава“  ги принудува борците да се приклучат на групата или дека милитантите се приклучуваат поради вера и спроведување на џихад, сепак документите од Мосул покажале дека борбата за самопрогласениот калифат има и финансиски мотиви.

Приклучувањето во добро организираната терористичка мрежа, која порано прогласуваше калифат во Сирија и Ирак, било возможно само со писмена препорака, во која внимателно се проценува воената обука на новите регрути, како и обука за строгиот исламски закон.

Кога ќе се приклучат кон групата, регрутите останувале под строга контрола на командантите на „Исламската држава“, кои водат евиденција за нивното распоредување, муниција, намирници и евентуална смрт.

Оние кои биле верни и лојални биле наградувани или барем им била ветена награда.
Регрутите кои ќе успеале да соборат авион, им било ветувано автомобил како награда, додека за соборување на хеликоптер или дрон, милитантите добивале најмалку седум златници.

Употребата на хемиско оружје се плаќала со десет златници.

Документите на исламистите, кои ги поседуваат разузнавачите на ирачката војска, покажуваат дека илјадници борци, заедно со членовите на своите семејства, се приклучиле на „Исламската држава“ за нејзините активности во Ирак и Сирија.

Потполковникот на ирачката војска, Џабар Асад, изјавил дека голем број на милитантни дошле во Ирак од други земји.