За да се разбере функционирањето на она што преостана од Исламската држава (ИД) по распадот на т.н. Калифат веројатно не постои подобар извор од преписките на социјалната мрежа меѓу жените-членки кои се наоѓаат во сириските кампови, пишува „Форин полиси“. Мобилните телефони се забранети и казната за нивно поседување е остра. А, жените сепак, изнаоѓаат начини за допишување преку социјалните мрежи.

Меѓу групите за дискусија и т.н. четови на социјалните мрежи најбројни и најактивни се оние она руски јазик со околу 400 членови, со околу 200 нови објави дневно. За влез во групите потребна е дозвола од посточки член. Како и во другите вакви групи, членовите не ги користат вистинските имиња.

Главни теми во разговорите на жените што престојуваат во камповите повеќе од две години, претставуваат продажбата на храна, шатори, облека, накит, лекови, па дури и на домашни миленици. А дел од жените на ИД покренаа онлајн-бизниси со цел да најдат начин за заработка. Религиозните теми исто така се неизбежни, дури и во контекст на продажбата и купувањето на разни производи.

Честопати се споменуваат и тврдењата за корупција, со обвиненија дека жените задолжени за дистрибуција на финансиската помош што ја добиваат од ИД и нејзините поддржувачи, задржуваат дел од парите за себе, наместо да го поделат во кампот. Жените честопати се предупредуваат кога треба да ги сокријат телефоните од чуварите, како и за опасностите од криминалот кој е забележан во камповите. Забележана е и поделба помеѓу поддржувачите и противниците на ИД, но тие и натаму тргуваат меѓусебе, наспроти обидите за нивна поделба.

Треба да се истакне дека годините на комуникација со припадниците на ИД кои завршија во затвори, придонеле за опаѓање на заинтересираноста за радикални теми помеѓу жените, како што пренесува „Форин полиси“.