Исламската држава (ИД) е премногу брутална дури и за талибанците, кои бараат помош од САД во обидот да се ослободат од ривалската исламистичка организација, пишува лондонски „Тајмс“. Авганистанците побарале американска помош во ослободувањето на нивната држава од ИД, за време на тајните разговори помеѓу двете страни.

Талибанците собираат борци подготвувајќи голема офанзива против ИД во Авганистан. Тие побараа од САД да ги запрат воздушните напади во подрачјето на конфликтот, додека се борат против заедничкиот непријател. 

Талибанските цили, предводени од нивната Црвена единица, планираат напади на три подрачја контролирани од ИД во провинцијата Нандрахар, со што се очекува борбите да траат неколку недели.

Ваквата постапка би можела да биде значителен чекор во зачетоците на мировниот процес помеѓу Талибанците и властите во Авганистан чии сојузници се западните држави.