Ирскиот суд одобри екстрадиција на Ронан Хјуз во Велика Британија, каде ќе му се суди за смртта на 39 Виетнамци пронајдени во камион со ладилник, во близина на Лондон минатата година.

Хјуз, кој е од Северна Ирска, е баран од британските власти поради обвиненија за трговија со луѓе.

Возачот на камион од Северна Ирска, Морис Робинсон, во март се изјасни за виновен по 39 точки од обвинението.

Жртвите беа откриени во октомври минатата година во ладилник во задниот дел на камион на околу 30 километри источно од Лондон.