Гневните ирачки демонстранти провалија во американската амбасада во Багдад, скандирајќи „Смрт за Америка“, пренесе „Њујорк Тајмс“. Илјадници демонстранти се собрани пред амбасадата на САД, бесни поради американските воздушни напади на база на проиранска милиција во Ирак, во кои загинаа најмалку 25 ирачки борци.

Американските воени сили соопштија дека употребиле солзавец за да ја расетраат толпата, која го запалила надворешниот ѕид од амбасадата.

Американскиот амбасадор во Багдад, како и персоналот на амбасадата, претходно беа евакуирани од зградата.

Во протестите учествуваат и лидери на воени групи.