Според информации од иранското Министерство за надворешни работи, Иран ќе ослободи седум члена од екипажот од британскиот танкер под британско знаме „Стена имперо“, запленет од надлежните во теснината Ормуз, пренесува „Спутник“.

Руската амбасада во Иран изјави дека најмалку еден руски државјанин е меѓу ослободените морнари, а иранските дипломати ги потврдија извештаите за седум индиски морнари ослободени од танкерот.

Техеран претходно истакна дека запленувањето на танкерот не е одмазда за запленувањето на иранскиот супертанкер „Грејс 1“ од страна на Велика Британија претходно истиот месец.

„Грејс 1“ беше запленет откако Вашингтон тврдеше дека носи сурова нафта во Сирија, со што ги крши санкциите на ЕУ, што Иран го негира. Танкерот беше ослободен во август и во моментот плови под ново име „Адријан Дарја 1“.

По ескалацијата на тензиите, Лондон се приклучи на поморската коалиција предводена од САД, чија задача е да го обезбеди регионот на Персискиот Залив.