Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска најави дека неговата држава е подготвена да реагира на било која одлука што САД ќе ја донесат во врска со нуклеарниот договор.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека до 12 мај ќе реши дали САД ќе останат во договорот, со кој беа намалени санкциите против Иран во замена за иранското ветување дека ќе ја замрзнат својата нуклеарна програма. Договорот со Иран беше потпишан од американскиот претседател Барак Обама и водачите на Русија, Кина, Британија, Франција и Германија, а Трамп жестоко го критикуваше за време на предизборната кампања и по преземањето на функцијата.

– Ние имаме планови и ќе се спротиставиме на било која одлука што Трамп ќе ја направи во врска со нуклеарниот договор, изјави претседателот Рохани.