Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф ја отфрли секоја можност за преговори со САД, кои би можеле да доведат до смирување на тензиите во Заливот, пренесува јапонската агенција Кјодо.

На прашањето на новинарите дали е подготвен да започне билатерални разговори со Вашингтон за да се смират тензиите, Зариф, кој престојува во Токио, изјави дека нема можности за преговори.
        
Напнатоста во регионот порасна нагло последниве недели откако почнаа да имаат ефекти американските санкции против Иран, кои беа воведени по повлекувањето на земјата од нуклеарниот договор во 2015 година.
            
Трамп негираше дека подготвува 120.000 војници за Блискиот Исток.