Иран беше и ќе биде чувар на безбедноста и слободната пловидба во Персискиот Залив, Ормускиот Теснец и Оманското Море, рече иранскиот претседател Хасан Рохани.

Рохани ова го кажа по повод запленувањето на британскиот танкер од страна на Иранската револуционерна гарда.

Велика Британија соопшти дека сака да формира мисија предводена од Европа за следење и заштита на бродовите во таа област.

– Иран не сака да ескалација на актуелните тензии во регионот и со други земји и никогаш нема да започне војна или конфликт – рече Рохани, а објави италијанска АНСА.

По состанокот со ирачкиот премиер Адел Абдул Махди, Рохани повика на дијалог и регионална соработка.

– Продлабочувањето на соработката меѓу официјалните Техеран и Багдад придонесува за стабилноста и безбедноста во регионот – истакна Рохани.

Ирачкиот премиер Абдул Махди потврди дека неговата земја нема намера да биде дел од какви било санкции против Иран.