Иран ќе се спротивстави на притисоците од американските санкции потпирајќи се на својата нафта и другите природни ресурси, изјави денеска потпретседателот на Иран, Ешак Јахангири.

– Ова е клучен момент за нашата економија, но ние не сме без излез. Оваа држава има мноштво човекови и природни ресурси на кои може да се потпре – нагласи Јахангири.

САД неодамна се повлекоа од иранскиот нуклеарен договор и повторно воведоа санкции кон оваа земја.