САД поддржуваат „диктатори, касапи и екстремисти“ на Блискиот Исток, напиша денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф на Твитер, како одговор на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата.

– Непријателското однесување на САД придонесе американска поддршка да уживаат диктатори, касапи и екстремисти, кои се одговорни за уништување на нашиот регион, напиша Зариф на Твитер.

Напнатоста меѓу Техеран и Вашингтон се интензивира откако Трамп во мај минатата година ги повлече САД од мултилатералниот нуклеарен договор и повторно воведе санкции против Иран.