Во ноември минатата година Иран беше погодел од силен земјотрес

Најмалку 75 луѓе се повредени во денешниот земјотрес со интензитет од 5,8 степени по Рихтеровата скала што го погоди западниот дел од Иран.

Во таа држава вчера беа регистрирани три потреси во кои се повредени речиси 300 луѓе.

Епицентарот на земјотресот бил на 37 км источно од градот Керман на длабочина од 10 км.

Во западната провинција Керман вчера беше регистриран земјотрес со интензитет од 5,9 во кој повредени се 287 луѓе. Претходно имаше два потреса со интензитет од 4,7 и 5,7 степени во кои има само материјална штета.