Иранските власти соопштија дека земјата ќе почне со збогатување ураниум до 5% за својата нуклеарна централа „Башер“, што е повеќе од 3,67%, колку што е дозволено со договорот од 2015 година. Со ваквиот чекор, Техеран дополнително ги зголемува тензиите со Вашингтон. Одлуката за збогатување ураниум следува само неколку дена откако Иран објави дека го надминал лимитот од 300 кг за резервите на збогатен ураниум.