Иранската револуционерна гарда заплени уште еден танкер во Персискиот Залив поради наводно криумчарење на 250.000 литри дизел гориво во Обединетите Арапски Емирати, објави иранската полуофицијална студентска новинска агенција ИСНА.

– Тој беше задржан во близина на островот Голем Тунб во Персискиот Залив, екипажот беше предаден на правните органи во провинцијата Хормозган – наведува ИСНА, која не ја прецизираше националноста на членовите на екипажот.

Сепак, Индекс.хр наведува, повикувајќи се на агенцијата „Фарс“, дека на танкерот има 11 членови на екипажот и дека припаѓа на Обединетите Арапски Емирати.