Сите земји вклучени во несреќата на украинскиот авион во Иран треба да избегнат да го претворат во политичко прашање, изјави портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Петте држави чии граѓани беа убиени во авионот, кој Иран го собори минатата недела, рекоа дека Техеран треба да плати обесштетување на семејствата на жртвите, пренесува „Ројтерс“.

Канада, Украина, Шведска, Авганистан и Велика Британија соопштија по состанокот со официјални лица во Лондон дека Иран треба да спроведе „детална, независна и транспарентна меѓународна истрага отворена за сите чиишто граѓани настрадале“.