Високиот советник на иранскиот врховен верски водач ајатолахот Али Хамнеи, Али Акбар Велајати, денеска го отфрли предлогот на САД за средба на двете раководства.

– Сонот на (американскиот претседател Доналд) Трамп и (државниот секретар Мајк) Помпео никогаш нема да се реализира – изјави Велајати.

САД ја отворија можноста за средба со иранските лидери на која би се дискутирало за конфликтот меѓу двете држави.

Односите меѓу Вашингтон и Техеран се особено затегнати по нападот за време парада на иранскиот Корпус на револуционерната гарда во саботата, за што Иран ги обвини САД и нивните сојузници во регионот на Блискиот Исток.