Иран објави дека развил напреден локален ракетен одбранбен систем со дострел од 400 километри.

Како што е соопштено, системот е наменет за одбрана од крстосувачки и балистички ракети и беспилотни летала.

Генералот Алиреза Сабахифард, командант на воздушната одбрана на иранските воздушни сили соопшти дека системот има големи можности и може да ги открие сите видови крстосувачки и балистички ракети и беспилотни летала.