Иранските безбедносни сили „решително се спротивстават” на какви било немири, кои би можеле да бидат искористени од САД и другите ирански непријатели, изјави Голамхосеин Мохсени Еджел, портпарол на иранските судски власти.

Неговата изјава уследи по бранот простести во Иран, чиј повод беа главно економски прашања.

– Правните и безбедносните тела решително ќе се спротивстават на секоја група или поединец, кој сака да ја компромитира безбедноста на земјата – рече Мохсени Еджел. 

Тој, исто така, додаде дека поттикнување немири е дел од американската психолошка војна против Иран.