Иранскиот претседател Хасан Рохани одреди рок од 60 дена за нови одредби од нуклеарниот договор од 2015 година, откако САД одлучија да се повлечат од спогодбата, известуваат светските медиуми.

Рохани испрати писма во кои ги информира лидерите на Велика Британија, Кина, Франција, Германија и на ЕУ (сите беа потписнички на нуклеарниот договор), за неговата одлука, како и до Русија.

– Ако петте држави се приклучат на преговорите и му помогнат на Иран да постигне придобивки на полињата на банкарството и на трговијата со нафта, Иран ќе им се врати на своите обврски од нуклеарниот договор – порача Рохани.   

Претседателот на Иран изјави дека дека ќе ги изостави ураниумот и обилните резервоари за вода од нуклеарната програма и постави рок од 60 дена за новите одредби од нуклеарниот договор со светските сили, пред да го зголеми количеството на ураниум.

Рохани ја испорача оваа порака во обраќањето на годишнината од одлуката на Доналд Трамп да ги повлече САД од нуклеарниот договор. Рохани додаде дека Иран сакал да започне преговори за новите одредби со останатите партнери на договорот, но призна дека ситуацијата била ужасна.

– Оваа операција е за да се спаси договорот, не за да се уништи – изјави Рохани.

Договорот од 2015 предвидуваше симнување на санкциите за Иран во замена за негово ограничување на нуклеарната програма.